×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полицаец делел политички матерјал, двајца раководители не спречиле поткуп, кажа министерот Чулев

    27.06.2020 11:30 | KumanovoNews

     Полициски службеник делел пропаганден матерјал на штанд на политичката партија, а двајца раководители не спречиле политички поткуп, обвини министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, по денешната посета на СВР Куманово.

    Полицаец делел политички матерјал, двајца раководители не спречиле поткуп, кажа министерот Чулев

    Со тоа, тврди министерот, тие наместо да ги спречуваат изборните нерегуралности  помогнале да се реализираат ставајќи се во партиски и политички цели.

    „Утвредено е грубо кршење на работниот ред и дисциплина во МВР од еден припадник на СВР Куманово, којшто има договор на определено време, на штанд делел пропаганден политички матерјал на СДСМ. Заради ова идната недела на ова лице со оглед на констатацијата на Одделот за внатрешната контрола и криминалистички истраги ќе му биде прекинат договорот за работа. Втор случај е од април кога од двајца раководители во СВР Куманово не е постапено за спречување на делење на хуманитарна помош за политички цели, на некој начин поткуп. Од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и Одделението за кривични дела извршени од полициски службеници, побарано е од министерот за внатрешни работи да достави дополнителни податоци врз основа на поднесена кривична пријава за наведените полициски службеници и високи раководни полициски службеници“, кажа министерот Чулев.

    Тој апелираше до сите полициски службеници да ги преземет сите активности за спречување на било каков вид на изборни нерегуларности.

    „Како минстер за внатрешни работи, сега со колегите од СВР Куманово, меѓутоа и со колегите од целокупното МВР, разговараме , апелирам и инсистирам да ги преземат во нивните планови за дејствувања сите активности со за цел спречување на какво било вид изборни нерегуларности, со акцент на поткуп на гласачкото тело, манипилурање, вршење на заплашување. Заради тоа во наредниот период оделот за превенција ќе има неколку превентивни активности во насока на информирање на граѓаните и предупредување да не прават вакви кривично-правни дејствија“ изјави Чулев.

    Министерот информираше дека илегалната миграција на сверната граница со Србија, во однос на минатата година е зголемена на 15 проценти.

    (С.Н)