Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Г.Т.(32) полицаец од Скопје, му украл парачник со 1500 евра на О.И. од Куманово.
Кражбата се случила во Скопје на ул. „Кеј Димитар Влахов“, кога полицаецот заедно со негов колега биле на работа. Тие забележале паркирано патничко возило „фолксваген“ во кое биле две непознати лица. Полицајците им рекле да излезат од возилото, а потоа Г.Т. влегол во колата да изврши преглед и го украл паричникот на О.И.. Кога полицајците си тргналe, кумановецот притрчал и пријавил дека од возилото му го снемало паричникот во кој имало лична карта и 1.500 евра. При проверка на Г.Т. пронајдени се 100 евра, еден американски долар, денари и други лични предмети.
Полицаецот ќе одговара за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.