Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полициски службеник е повреден со нож, синоќа додека интервенирал при масова тепачка во центрот на Куманово, пред згрдата на „Комитет“.
Шест лица се приведени во полициската станица во Куманово, поради масовна тепачка и нарушување на јавниот ред и мир.
„Во 21.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.Б.(30), Р.И.(41), Д.М.(23), Ф.А.(30), И.Б.(38) и Џ.С.(40), сите од Куманово, затоа што по претходна расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Во пресметката се вклучила и една малолетничка која употребила остар предмет со кој повредила полициски службеник при обид да интервенира. Лицата биле задржани во полициска станиca и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.