×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полицајци и ученици опоменуваа несовесни пешаци

    21.04.2015 13:04 | KumanovoNews

    Во СВР Куманово лани на сообраќајна поука биле 600 граѓани, пешаци и возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи.

    Полицајци и ученици опоменуваа несовесни пешаци

     Со цел да се подобри оваа состојба, полицајци и ученици денеска ги опоменуваа пешаците прописно да поминуваат улица, за што им поделија и флаери. При тоа им укажуваа дека не смејат улицата да ја поминуваат на црвено и надвор од пешачкиот премин. Оваа активност ја спроведе отсекот за превенција при СВР Куманово  по повод одбележување на Недела за безбедност на пешаците во сообраќајот, заедно со учениците од училиштата “Браќа Миладиновци“, “Толи Зордумис“ и “Јероним Де Рада“ од село Черкезе, кои се покажаа најдобри на општинскиот натпревар “Детски семафор“.

    Целта на оваа кампања е да се стави акцент на почитување на сообраќајните правила и прописи и дека пешаците се дел од сообраќајот. Да се има поголемо внимание кон нивниот живот и нивното здравје, како учесници во сообраќајот. Значи поголемо почитување кон нив, но и почитување од страна на пешаците на правилата и прописите кои се предвидени за нив, односно поминување на пешачки премин, поминување на зелено светло и секако будно и со внимание поминување на улицата. Да не се движат по коловози, да се движат по тротоари - рече Виолета Богдановска, раководител на отсек за превенција при СВР Куманово.

    Пешаците кои непрописно ги поминуваат улиците прво се упатуваат на сообраќајка поука, а ако повторно го прават истиот прекршок,  за поминување на црвено им следи казна од 35 евра и поминување надвор од пешачки премин 25 евра.

    Учениците апелираат возачите повеќе да внимаваат, посебно кога возат во близина на училиштата.

    Најважно е да се почитуваат и применуваат правилата во сообраќајот. Кај училиштето има густ сообраќај. Некои возачи се внимателни, некои не. На големите одмори има метеж, но се трудиме да внимаваме каде се движиме“ - вели Матеја Зафировска, ученичка од “Браќа Миладиновци“.