Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на изминатите неколку дена на подрачје на Куманово се случиле 2 дрски кражби и едно разбојништво, со приоѓање од зад грб на жртвите им е одземен златен накит.
Иако делата се расчистени т.е. сторителите се фатени, полицијата не ја исклучува можноста од појава на други лица кои на ваков начин сакаат противправно да присвојат туѓи предмети. Поради тоа СВР Куманово апелира до граѓаните да внимаваат на вредните предмети и накитот, по можност да не се експонираат во јавноста со нив особено повозрасните жени.
Воедно ги потсетуваат граѓаните да не оставаат вредни предмети на видно место во возилата, незаклучени возила и да внимаваат со ракување и носење на новчаници и пари на пазари и други места каде има поголем број на луѓе.