×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полицијата делеше флаери на пензионерите за да ги предупреди за измамите по телефон

    03.02.2025 13:33 | KumanovoNews

    Полицајци од Отсек за превенција на СВР Куманово денеска на Градскиот плоштад делеа флаери на минувачите предупредувајќи ги за телефонските измами, кои се актуелни минатите денови. 

    Полицијата делеше флаери на пензионерите за да ги предупреди за измамите по телефон

    Во нив го објаснуваа методот со кој се користат измамниците и даваат совети како да се постапи во таква ситуација.

    „Ве молиме, останете смирени и присебни, не наседнувајте на вакви тврдења, бидејќи се работи за лица измамници, кои користат состојба на шок кај граѓаните со веста која им ја кажуваат, и има наши граѓани кои дале пари на место кое тие им кажуваат каде да ги остават парите. Исто така, не примајте дома лица кои тврдат дека гатаат или гледаат на карти, кои исто така се измамници, користат невнимание на сопственикот, и одземаат телефони, пари и златен накит. Ве молиме, во случај на вакви телефонски повици, запишете ги телефонските броеви, регистерските таблици на возило доколку забележите, и веднаш пријавете во СВР Куманово на броевите 192 и 112“, вели Ивана Младеновска, портпарол во СВР Куманово.

    Вакви известувања се поставени и на влезовите на стамбени згради во центарот на градот.

    Од Полицијата потсетуваат дека непознати лица главно се јавуваат на домашен телефон на наши граѓани, или на мобилен телефон, со тврдење дека член од семејството со возило прегазил дете, жена, мигрант, и бараат голема сума пари од од лицата на кои им се јавуваат, со тврдење дека ќе помогнат да не одат во затвор.