Полицијата го бара камионџијата кој шверцувал мигранти
Полицијата работи на откривање на сторителот кој вчера во камион на патот Скопје-Куманово оставил 33 мигранти во камион и побегнал.
На патот Никуштак-Орланци бил пронајден камионот Мерцедес со лажни велешки регистарски ознаки. По извршен увид се утврдило дека се работи за лажни ознаки кои се одјавени во Штип на 4 јануари, а воедно е повикан претходниот сопственик 33 годишно лице од Штип, кој кажал дека истиот ден го продал камионот на Џ.И.(24) од велешко за што приложил и купопродажен договор.
Од 33 мигранти, 15 биле од Иран, 16 од Ирак и 2 лица од Либија. Од нив 3 лица ќе бидат смстени во Прифатниот центар за странци во Скопје, 16 од Ирак ќе бидат спроведени до кампот на Табановце и 15 од Иран ќе бидат во Центарот за азил во Визбегово-Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.