Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција не соопшти нови информации на попладневната прес-конференција, туку само потврди дека во вооружениот инцидент во угостителски објект во населбата Бедиње едно лице е убиено а две се повредени.
Денеска околу 15.30 часот во населбата Бедиње се случи вооружен инцидент помеѓу две групи, во тој инцидент имaме починато лице едно лице. Поради тешките повреди едно е пренесено во Ургентен центар Скопје и едно е задржано во кумановската болница. Се уште се врши увид на лице место од страна на јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово. Полицијата трага по лицата кои учествувале во тој вооружен инцидент и се работи на целосно расчистување на случајот,- изјави Валентина Николовска, портпарол во СВР Куманово.
Информациите што веќе ги објавија медиумите дека е убиен Џемаил Реџепи, командант Шќипоња и дека станува збор за политички активисти, кои се скарале за челното место на огранокот во Куманово, портпаролката не сакаше да ги кометира. Таа најави повеќе информации по завршување на истрагата.