Полицијата ноќеска апсеше во Куманово
12.03.2014 08:29
| KumanovoNews
Голема полициска акција, во текот на ноќта и утринава се спроведува во Куманово. При тоа биле уапсени повеќе лица, кои се осомничени дека се вмешани во криминални активности.

Специјални единици на МВР извршиле претрес во повеќе куќи, а повеќе лица биле приведени поради нелегално поседување на наркотични сретства, оружје и организиран криминал. Полицијата најави повеќе информации за во текот на денот.