Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шефот на изборниот штаб на СДСМ, пратеникот Оливер Спасовски, вечерва обвини дека полицијата незаконски сакала да одземе избирачки матерјал од Општинската изборна комисија во Куманово, за три избирачки места.
Вечерва во Куманово се случи драма, во режија на Груевски и неговите министри се со цел да ги негираат изборните резултати во Куманово.Според наши сознанија неколку лица се приведени во СВР Куманово, издаен е налог од истражен судија на три избирачки места да се земат избирачките списоци од полицијата, наводно поради спречување на избирачкото право. На денот на изборите не се дадени забелешки на записниците кои се запленети и тие се потпишани од сите членови на избирачките одбори и комисијата. Сега сакаат да ја негираат чистата и убедлива победа на Дамјановски. Имаме информација дека поднеле и 30 приговори на избирачките места во Куманово, кои се крајно неосновани-изјави Спасовски.
Спорниот избирачки матерјал се однесува на две избирачки места во населбата Тоде Мендол и Бајрам Шабани, каде имало регистрирано околу 1200 гласачи.
Спасовски ја повика власта да не тренира строгост и да не ја фалсификува вољата на граѓаните.