Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вработени во СВР Куманово соработувале со агенциите што ги превезувале азилантите во Белгија, а пасошите ги давале „под рака„ за 500 до 1000 евра по човек
Министерството за внатрешни работи се сомнева дека вработени во Кумановската полиција стојат зад транспортот зад азилантите во Белгија и дека тие издавале пасоши „под рака„ за што земале од 500 до 1000 евра по човек- објавува весникот „Време„.
Полицијата веќе почнала да го испитува случајот во соработка со српската полиција откако утврдила дека истите луѓе се вклучени во превозот на азилантите од регионот на Јужна Србија и Косово.
За полицијата било симптоматично и тоа што покрај построгата контрола врз туристичките агенции од кумановскиот регион, бројот на луѓето што патувале во Брисел постојано се зголемувал, а растел и бројот на издадени пасоши. Но и покрај полициската акција и многуте апели од земјава и странство, патувањата од Липково продолжиле.