Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Зградата на Полициската станица во Куманово и центарот на градот од ноќеска е под силно полициско обезбедување.
Улиците “Тодор Велков“ и “11 Октомври„ се блокирани и не е дозволено движење на возилата. И покрај Градската џамијата има зголемено присуство на полиција. Граѓаните љубопитно ја набљудуваат состојбата, но не знаат што точно се случило. Од МВР не дадоа одговор зошто е зголемено полициското присуство во Куманово и велат дека повеќе информации ќе има во текот на денот. Полицијата не дозволува фотографирање на наведените улици.
Вработените во сите јавни институции во градот, Општината, Основниот суд и Поштата се на своите работни места.