×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полицискиот час од недела од 11 часот до вторник до 5 часот

    22.05.2020 16:58 | KumanovoNews

    Од 11 часот во недела  до 5 часот во вторник ќе трае полицискиот час за претстојниот продолжен викенд за празниците Рамазан Бајрам и Свети Кирил и Методиј, одлучи Владата.

    Полицискиот час од недела од 11 часот до вторник до 5 часот

    Утре забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 5 часот наутро.

    „Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд. Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05 часот.Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 05 часот наутро“,- објави премиерот Оливер Спасовски.

    На седницата е изменета и дополнета и Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните на Република Северна Македонија вратени од странство со хуманитарни летови или конвои и со новите промени доколку лицата кои влегуваат на територијата на Република Северна Македонија приложат ПЦР тест за коронавирусот КОВИД-19 направен во последните 72 часа пред да влезат на територијата на државата, наместо во задолжителен државен карантин, се упатуваат во задолжителна домашна самоизолација.