Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полската амбасада во Македонија во соработка со Центарот за култура „Трајко Прокопиев„синоќа организира концерт по повод 200 години од раѓањето на Фридрих Шопен.
На концертот настапи дуото „Талија„ со Пламенка Трајковска на виолина и Билјана Петровска со пијано.
Концертот го отвори полскиот амбасадор во Р.Македонија Карол Башура, кој истакна дека му е драго што има можност дел од полската култура да ја претстави во Куманово и во Македонија.
Фридрих Шопен е прв композитор кој користел славјански фолклор во своите композиции и до ден денеска неговите мазурки и полонези се камен темелник на полската национална класична музика и чест ми е што овој ден ќе го прославам со моите драги пријатели - рече Башура.
На концертот настапија и нашите сограѓанки Ивана Кузмановска и Анастасија Грговска на пијано, а беше отворена и изложба на слики на полската музичка култура.