×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Помала фирмарина и дирекција на УЈП во Куманово, клучни барања на занаетчиите од регионот до идните градоначалници

    02.09.2025 10:07 | KumanovoNews

    Регионалната комора на занаетчии во Североисточниот регион достави листа на предлози и барања до идните претставници на локалната власт, кои според нив се клучни за развој на локалната економија и зачувување на традицијата.

    Помала фирмарина и дирекција на УЈП во Куманово, клучни барања на занаетчиите од регионот до идните градоначалници

    Занаетчиите бараат намалување на фирмарината, преместување на дирекцијата на УЈП од Штип во Куманово, почитување на Законот за занаетчиство, зголемување на бројот на паушално оданочени занаетчии, простории за комората, поддршка на младите при отворање сопствен бизнис, намалување на сивата економија, поддршка на старите занаети и промоција на Куманово преку сувенири.

    „Веруваме дека секој кандидат за градоначалник може и треба да ги прифати овие барања, бидејќи тие претставуваат реални и издржани чекори за развој на Североисточниот регион и подобрување на условите за работа на занаетчиите и заживување на локалната економија“, рече Илинда Реџепи на прес-конференција.

    Претседателот на Комората, Агрон Фазлиу, предупреди дека состојбата во микро-претпријатијата е катастрофална, најмногу поради сивата економија, нелегалната продажба на интернет, селективните контроли и увозот на неквалитетна роба.

    „Занаетчиството не се однесува само на старите занаети, туку опфаќа и градежништво, туризам и многу други дејности. Се надевма дека нашите барања ќе наидат на добар одзив  кај идните градоначалници за да можеме да ги релизираме и подобриме економската слика во нашиот град и регионот. Ако државата не помогне, ќе изгубиме важен дел од локалната економија“, порача Фазлиу.

    Тој потсети дека државата се уште не одговорила на нивното барање да не наплаќа индустриска струја на малите дуќани, туку таа да биде по некоја повлестена цена која ќе биде повисока од домаќинставта. 

    Во регионот има над 1.000 регистрирани занаетчии, а неформално бројката надминува 2.000.