×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Помалку првачиња од лани

    14.08.2015 08:59 | KumanovoNews

    Годинава е намален бројот на запишани првачиња во кумановските училишта во однос на лани, потврдуваат од секторот за образование во општина Куманово.

    Помалку првачиња од лани

    Повеќето првачиња во мај се запишани во основни училишта, но до 1 септември се очекува уште  деца да се запиштат во прво одделение. Од секторот за образование велат дека 364 деца кои ги има на списоците не се запишани во прво одделение, а се претпоставува дека миграцијата во странство придонесе за намалување на бројот на првачиња.

    “Јасно е дека во одредени подрачја во Куманово онаа миграција што се случува, преселување од еден дел на град во друг дел на град, во овие 5 години за кои сега зборуваме, ние имаме по списоци колку деца треба да се запишат во “Толи Зордумис“, во “Вук Караџиќ“, во “11 Октомври“ меѓутоа од овие причини затоа што се продаваат куќи, се селат во другите делови на градот се јавува бројката во другите училишта поголема од оние што ги имаат тие во списоци.  Значи дека тие веќе се заминати и таму се запишале, меѓутоа останува она дека уште 364 деца никаде не се појавиле и органите кои се задолжени за тоа ќе мора тоа да го истражат и се очекува да сепак не биде толку голем бројот на дечиња кои нема да се запишат во прво одделение“ - вели Жика Крстевски од секторот за образование во општина Куманово.

    Од  1.581 дете колку што треба да тргнат во прво одделение, 668 се Македонци, 293 Албанци, Срби  44,  Роми 23 и 26 првачиња од другите националности, а досега  се запишани  1.151 ученици . Во населбите Перо Чичо, Карпош,  Гоце Делчев за разлика од минатите години се зголемува бројот на првачиња.