×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Помен за Роберт Павлевски

    05.12.2015 11:55 | KumanovoNews

    Во театар Куманово денеска се одржа помен за Роберт Павлевски, директорот на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ кој минатата сабота загина во сообраќајна несреќа.

    Помен за Роберт Павлевски

    На поменот присуствуваа роднините, пријателите, колегите, сопартијците и соработниците на Павлевски. Пред присутните говореше в.д. директорот  на Центарот за култура, Сашо Костовски кој рече дека Павлевски бил човек со краток, но содржаен живот исполнет со добри дела.

    Како што рекол еден поет , животот се мери по делата, а не по деновите. На овој тажен помен да се присетиме на карактеристиките од неговиот професионален живот во двата мандата како директор. Директор до кој лесно се пристапува, смета дека директорот во секој дел од деноноќието треба да им биде достапен на вработените. Подготвен секогаш да ги сослуша, да разговара и да им помогне на вработените. Има смисла за мотивирање на луѓето, има смисла за современоста во програмите кои ги креираше. Практичен, а не само теоретски директор - изјави Костовски.

    Тони Чатлески од Домот на културата “Марко Цепенков“ во Прилеп кажа дека Павлевски го очекувал и третиот мандат како директор, по успешната работа во двата мандати.

    Нашето пријателство траеше, трае и секогаш ќе трае затоа што Роберт ќе остане во моето срце. Човек со кој сум бил искрен. Сум можел многу работи да споделам. Сега го очекуваше третиот мандат. Требаше да го добие, го заслужуваше. И јас го очекував за да ја продолжиме соработката која ја имавме во изминативе 9 години и неизмерно жалам. Тој не работеше 8 часа, тој работеше цел ден - рече Чатлески.

    Од името на пријателите зборуваше Бране Петрушевски. Тој рече дека Павлевски ги напуштил ненадејно и оставил зад себе длабока празнина.

    Институцијата во која работеше ја подигна на едно повисоко и завидно ниво. Беше препознатлив во градот и по театарскиот фестивал Денови на комедија кој во негово време доживеа своевидна ренесанса, недозволувајќи никаква утка во организацијата или во изборот на претставите како главен организатор и претседател на фестивалот, беше еден од најзаслужните за преполните сали - изјави Петрушевски.

    Филип Филиповски се обрати во име на сопартијците и рече дека Павлевски бил патриот, професионалец, а со неговото заминување загубија општеството, градот, блиските и пријателите.