02.
12.
2019 12:19
Понеделник неработен ден за сите граѓани

Следниот понеделник ќе биде неработен ден за сите граѓани.
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 8 декември 2019 година (недела), односно 9 декември 2019 година (понеделник), „Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Истовремено, Mинистерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита празникот „Св.Климент Охридски”, се вели во соопштението.
