×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поплавените сакаат побрзо да се вратат дома

    01.03.2013 09:39 | KumanovoNews

     Завиткани во кебиња и на сугери веќе три дена живеат и ноќеваат во училишни спортски сали, четириесетина семејства од населбата Средорек, откако куќите им беа поплавени од излевањето на реката Кумановка.

    Поплавените сакаат побрзо да се вратат дома

    Стуткани покрај радијаторите со минимална облека и обувки, вчера во салата во основното училиште „11 Октомври„, затековме само старци и деца, додека останатите заминале во населбата да ги чистат куќите. Сите се пожалија на условите во кои претојуваат, но се надеваат дека дека државата ќе им помогне брзо да се вратат дома. 

    Само што не сме надвор инаку овде ни е заникаде. Сунѓерите не можат да не заштитат и ладно ни е преку ноќ, како да спиеме на земја. За 9 души ни дадоа 4 сунѓери и 4 кебиња. И храната што ни ја даваат не е доволна, ниту пак е квалитетна. Конзерви и чорба од макарони. Тоа ли ќе не држи цел ден. Јас имам и здравстевни проблеми со бубрезите, а овде уште повеќе се разболев- вели Шефкет Бајрамовиќ (65) од Средорек, кој ги чуваше своите 5 внучиња.

     На повеќето од семејствата ова не им е прва полава затоа што нивните куќи се во самото корито на реката, па при секое поголемо надоаѓање водата ги поплавува. Но, тврдат дека овој пат било најстрашно и среќа што некој не се удавил.

    Околу 1 часот по полноќ, додека спиевме слушнавме дека водата надоаѓа. Знаевме што не чека, бидејќи ова е пети пат да не поплавува реката. Веднаш почнавме да ги будиме децата и ги изнесуваме за да не се удават. Ги качивме кај комшијата на вториот кат на куќата и излеговме. Водата брзо невлегуваше и достигна два метри во собите.-  раскажува Бајрамовиќ.

    Алиа Скендерова водата ја разбудила во кревет, а нејзините синови ја изнеле на раце за да не се удави. Бидејќи целата накиснала фатила бронхитис, а вчера ја посетија лекари од брза помош и дадоа инекција поради влошената здравствена состојба.

    Ми препорачаа да заминам во болница за да се лекувам, бидејќи има и висок притисок. Но јас каде да одам кога немам облека ни пари- вели со солзи во очите Скендерова.

    На жителите на Средорек водената стихија им го однела пред очи она што со години го создавале. Останеле без скромната покуќнината, облека и храна што ја имале, а куќите се затрпани во тиња. Ќе треба време и пари да се вратат во првобитната положба. Сопствениците велат дека неможат ништо да направат сами ако општината и државата не им помогнат.  Нив ги обвинуваат и што дошло до поплавата.

    Да беше исчистено речното корито немаше да дојде до толку голема поплава. Тие го уредија долниот дел на реката само каде што е кејот. Секогаш само ние страдаме. Повеќето сме невработени и живееме од социјална помош. Ако не ни исплата оштета да ги поправиме куќите ќе останеме на улица- велат Ромите.

    Семејствата во колективните центри добиваат храна двапати на ден, а обезбедени им се и пакети за лична хиегиена. Користат еден од училишните тоалети, па постои опасност да се појави зараза. Од Општината Куманово се формирани пет комисии кои од вчера излегоа на терен да вршат проценка на штетата на поплавените куќи.  (преземено од Дневник)