Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерот за надворешни работи Никола Поповски, денеска на прес - конференција ги повика кумановци на локалните избори да го поддржат кандидатот за градоначалник Зоран Ѓорѓиевски и советничката листа на ВМРО - ДПМНЕ, бидејќи нудат развој на градот.
Ова ќе биде избор помеѓу два различни пристапи. Пристап кој во минатото го имате видено и е потврден како пристап базиран на дела, кој работи сериозно подготвува програма и проекти и врз основа на тоа остварува. Другиот е пристап на празни ветувања, кој создава хаос, и не го остварува она што е ветено. Мислам дека помеѓу овие пристапи, граѓаните секако ќе знаат да го направат вистинскиот избор. Во овој случај кандидатот за градоначалник е човек кој соодветставува со првиот пристап. Зоран Ѓорѓиевски е човек кој кумановци го знаат како чесен, одговорен човек, човек кој ги исполнува ветувањата и кој е целосно посветен на она што го ветил да го оствари. Таквата посветена работа секако ќе биде олеснителна околност која бара соработка како на локално така и на централно ниво. Би ве повикал во овој контекст поддржувајќи го Зоран Ѓорѓиевски за градоначалник на Општина Куманово, исто така да ја поддржите и советничката листа на Коалицијата За подобра Македонија и ВМРО - ДПМНЕ. Градоначалник кој има поддршка од Советот може полесно да остварува и да ги реализира проектите - рече Поповски.
Тој рече дека нивниот кандидат ќе се бори за намалување на невработеноста, за решавање на водоснабдувањето, изградба на нов Зелен пазар, отварање на три нови градинки, проширување на постојните, изградба на нова модерна автобуска станица, надградба на Градскиот стадион, изградба на нови спортски сали и друго.