Фото вест: Поправен семафорот на „Октомвриска“
18.06.2025 11:53
| KumanovoNews
Семафорот за пешаци на раскрсницата на булеварот „Октомвриска револуција„ и ул. „Пионерска“, е поправен, откако неколку дена висеше на тротоарот.

Кумановоњуз вчера објави фото вест дека семафорот неколку дена е оштетен, и ја нема функцијата за која е поставен, затоа што испаднал од лежиштето и се држеше само на кабелот на кој е приклучена на струја . Свртен наопаку семафорот работеше, но од ветрот и водушните струења од возилата можеше да се откачи и да падне, да повреди некој и да се скрши.
Утринава надлежните излегле на терен и го поправиле семафорот.