Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се искриви еден од столбовите на Коински мостот откако викендов нивото на водата во реката Пчиња се зголеми за 1,5 метар. Надојдените води во коритото повлекоа дрвја и гранки кои го сопреа протокот и дополнително ја оптерети старата конструкција. Жителите сметаат дека мостот попуштил, бидејќи не се одржува.
Веќе подолго време, мостот е нестабилен. Одамна не е исчистено коритото на реката, а на мостот не е интервенирано со години. Треба повеќе да се внимава на условите за живот во овој крај - вели Тоде Величковски од селото Коинце.
Надлежните мислат дека тоа што се случило е природна катастрофа поради обилните врнежи и тие неможеле ништо да сторат ниту да спречат.
Сега за среќа нема жртви, но во иднина може сешто да се случи. Ако не се преземат вистинските мерки ќе се наруши стабилноста на столбови по ова разнишување.Ние ќе сториме се што е во наша надлежност. Повикани се екипи од јавните претпријатија да го санираат проблемот - информира Горан Стојановски, раководител на Центарот за управување со кризи во Североисточниот регион.
На терен денеска излегоа и екипи од ЈП „Кумановско-липоковско поле„, кои велат дека според годишната програма на Владата на Република Македонија треба да се регулираат речните корита со чистење и поставување на бедеми за заштита од излевање.
И покрај тоа што претпријатието се соочува со финасиска криза излеговме на терен и свесни сме дека ќе мора да изнајдеме средстава кои се неопходни за чистење на коритото на Пчиња, за да не дојде до поголема катастрофа - вели Дејан Божиновски од ЈП „Кумановско-липковско поле“.
Градоначалникот на општината Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ, кажува дека проблемот на мостот се појавил уште во ноември,мината година, кога дел од земјодлеските површини биле поплавени од надојдената река.
Тој ги известил релевантните институции,но тие не презеле ништо за да го решат проблемот.