Поради магла видливоста кон Скопје до 100 метри
На патниот правец Куманово-Скопје видливоста е до 100 метри поради магла, стои во соопштението од Авто мото сојузот на Македонија.

Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци Велес – Катланово и Катланово – Велес, до 100 метри на патните правци Скопје – Катланово, Катланово – Скопје, Велес – Штип и планинскиот премин Стража, од 100 до 150 метри на патниот правец Тетово – Скопје.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.