×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Порака наша“ ќе ангажира лиценцирани негуватели за помош на стари лица

    19.09.2022 10:41 | Оливера Пешевска

    До утре (20 септември) трае огласот на Регионалниот центар за лица со интелектуална попреченост„Порака наша“ од Куманово за ангажирање на лиценцирани негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, кој ќе се реализира преку проектот „Ублажување на ефектите и последиците од ковид-19 на најранливите категории во општеството со посебен фокус на постари лица и лица со попреченост”. 

    „Порака наша“ ќе ангажира лиценцирани негуватели за помош на стари лица

     Проектот е финансиран од Министерство за труд и социјална политика на Австрија, со логистичка подршка на австрискиот Црвен крст, Црвен крст на Македонија и општинската организација на истиот субјект.

    Сервисот „Домашна нега во домашни услови“ предвидува подршка и помош за повеќе активности, зависно од личните потреби на корисникот, како што се пружање психосоцијална подршка, помош во борба против осаменоста преку повеќе друштвени и забавни активности, грижа за безбедност на корисникот. Практичниот дел во грижата вклучува помош при извршување на основните дневни активности: пазарување, помош при облекување, помош во управување со месечниот буџет, пазарување, плаќање на сметки, посета на лекар , вадење на упати и др.

    Во Куманово проектот е започнат уште пред 7 месеци, но има потреба од дополнителен ангажман на вакви лица, кои секојдневно излегуваат на терен и работат и во урбаните и во руралните средини.

    „Моментално имаме 32 корисника на ова бесплатна помош. Еден негувател се грижи за 7 до 8 корисника. Буџетот е предвиден за 8 негуватели , но се надеваме дека ова бројка ќе се зголемува во иднина. На територијата на општина Куманово има потреба од ваква нега, затоа што не секое старо лице сака да оди во Дом за стари лица или да си го дозволи тоа“,  изјави Мартина Костовска, психолог во „Порака наша“.

    Во огласот е предвидено оние што ќе се пријават да имаат лиценца за негуватели со сертификат издаден од Црвен крст, да се државјани на Македонија, да се постари од 18 години и да се силно мотивирани со работа со стари и немоќни и лица со попреченост. Посебно сакаат да ги анимираат претставниците од машки род, за да се разбие стигмата дека негуватели се само жени.