Мени

Пороен дожд до крајот на денот, најавуваат синоптичарите

24.05.2018 12:59 | KumanovoNews

Во моментов во Североисточниот дел од земјава се наоѓа поголема нестабилна воздушна маса, информираат од УХМР.

Пороен дожд до крајот на денот, најавуваат синоптичарите

 Нејзиното најсилно јадро е над Крива Паланка, каде има пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Друго послабо јадро се наоѓа над Куманово кое се уште е во фаза на формирање.

Попладне и до крајот на денот времето ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено во источните делови.

(фото-мкд.мк)