Мени

Поројни дождови и грмежи попладне

20.07.2017 14:37 | KumanovoNews

Во следните часови во западните и северните делови од земјава ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а на места процесите може да бидат и поинтензивни, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Поројни дождови и грмежи попладне

И во делови од Скопската котлина и околните планини во следните часови ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи.

Интензивни процеси со пообилни поројни врнежи од дожд и силни електрични празнења има во подрачјето на Шар Планина и Тетово.

Послаба нестабилност има во подрачјето на Дебар и Кратово-Пробиштип.