×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Посебен режим на сообраќај за Илинден

    31.07.2014 13:48 | KumanovoNews

    На прославата  по повод одбележување на 70 години од Првото заседание на АСНОМ, на пристапните патишта до меморијалниот центар Пелинце во сабота ќе има посебен сообраќаен режим.

    Посебен режим на сообраќај за Илинден

    Сите граѓани кои ќе присуствуваат на манифестацијата треба до 10 часот да пристигнат во Пелинце, бидејќи официјалниот почеток на прославата е закажан за 11 часот.

    - Поради присуство на ВИП гостите ќе биде применет посебен режим во сообраќајот со запирање на сите возила и пропуштање на службените возила со првенство на минување. Заради безбедно одвивање на сообраќајот сите учесници да се придржуваат до сообраќајните правила и прописи. Поради високите температури, граѓаните кои ќе присуствуваат во Меморијалниот центар да ги преземат сите превентивни мерки да не дојде до евентуално настанување на пожари - стои во соопштението од СВР Куманово.

    Од СВР Куманово на граѓаните им го честитаат големиот национален празник Илинден и ги повикуваат на заедничка прослава во Пелинце.