Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поради реконструкција на ул. „Моша Пијаде“ од денеска се воведува посебен режим на сообраќај на оваа улица.
„Ги известуваме граѓаните на општина Куманово дека од денеска (14.05.2025 година) започна реконструкција на водоводна мрежа на дел од улицата „Моша Пијаде„, од улицата Браќа Рибар до улицата „Пиринска Македонија„. За таа цел е воведен посебен сообраќаен режим во центарот на градот, кој ќе важи се додека не се завршат активностите на терен. Овој проект е на Mинистерството за транспорт и врски и Светска банка во соработка со општина Куманово“, стои во известувањето на Општина Куманово.