×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    Поскапе венчавањето, надвор од матично сега ќе чини 10.500 денари

    12.02.2024 14:29 | Теодора Стоевска

    Од 1 февруари на сила е нов тарифник на Управата за водење матични книги со кој за склучување на брак надвор од нивните простории ќе се плаќа 40 отсто повеќе од досега.

    Поскапе венчавањето, надвор од матично сега ќе чини 10.500 денари

    Сите оние кои ќе сакаат да се регистрираат во ресторан, некаде надвор или на некое друго место кое е надвор од матичното сега ќе треба да платат сума од 10.500 денари за разлика од претходната година кога истото венчавање чинеше 7.500 денари.

    Стариот тарифник предвидуваше цени кои во работните денови до 16.30 часот изнесуваа 3.368 денари, а 3.736 денари по 16:30 часот на оддалеченост од 10 километри. По ново во работното време е  4.765 денари , а по 16:30 часот 5.242 денари за истата оддалеченост. За викендите и празниците, тарифата е зголемена од 7.472 на 10.484 денари, што со одредени такси стигнува до 10.500 денари.

    Секоја година се врши зголемување или намалување на цените согласно просечната бруто плата во државата.

    Во Куманово во центарот на градот, во Занаетчискиот дом се одржуваат венчавањата на оние кои ќе се решат да се венчаат во нивните простории, меѓутоа граѓаните се жалат на немање обезбеден паркинг, па присутните се должни да се снаоѓаат сами и да се паркираат и подалеку од објектот. Поради тоа и покрај тоа што венчавањето надвор чини многу поголем дополнителен трошок, луѓето се повеќе се одлучуваат на таа опција.