×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

    19.06.2025 17:44 | KumanovoNews

    Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). 

    Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

    Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 отсто во споредба со претходната одлука.

    Новата малопродажна цена на Еуродизел БС (Д-Е V) ќе биде 70 денари за литар исто како и на Екстра лесното  масло за горење (ЕЛ-1), Еуросупер БС – 95  и понатаму ќе се продава за 76, а Еуросупер БС – 98 за 78 денари за литар.

    Со одлуката на РКЕ за 1,149 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 40,928 денари.

    Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,305 отсто, кај дизелот за 8,111, кај екстра лесното масло за 7,554 и кај мазутот за 5,146 отсто.