×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање
  • Политички маркетинг

  • Поскапува екстра лесното масло за домаќинство

    30.10.2025 21:14 | KumanovoNews

    Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемува за два денари по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

    Поскапува екстра лесното масло за домаќинство

    Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59 отсто во споредба со вчерашната одлуката.

    Новата малопраодажна цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е 69,5 денари за литар, еуросупер БС – 95 и понатаму ќе се продава за 73,5, еуросупер БС – 98 за 75,5, а еуродизел БС (Д-Е V) за 70 денари за литар.

    Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,480 отсто, кај дизелот за 1,760, кај екстра лесното масло за 5,965 и кај мазутот за 3,830 отсто.