Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Регулаторната комисија за енергетика информира дека од вечер на полноќ малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за 3,50 денари за литар.
Еуросупер БС-95 ќе се продава по 54,00 ден/лит, Еуросупер БС-98 по 56,00 ден/лит, а Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 45,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 денари за литар и ќе изнесува 33,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,026 ден/кг и ќе изнесува 18,169 ден/кг.