Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 од полноќ се зголемува за 1,00, а на бензинот еуросупер БС-98, на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новите цени на нафтените деривати и горивата изнесуваат:
- ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 78,00 (денари/литар)
- ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 80,50 (денари/литар)
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 72,50 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 72,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 45,711 (денари/килограм)
Зголемувањето на цените е нафтените деривати е од 1,46 проценти, што се должи на движењата на цените на референтните светски пазари.