Мени

Поскапуваат дизел горивата

02.02.2026 16:18 | KumanovoNews

Дизел-горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). 

Поскапуваат дизел горивата

Новата малопродажна цена на еуродизел БС (Д-Е V) ќе биде 68 денари, а на екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 67 денари за литар. Еусросупер БС – 95 и понатаму ќе се продава за 72, а еуросупер БС – 98 за 74 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,786 денари по килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,885 денари.