Мени

Поскапуваат бензините и дизелот

18.05.2026 14:06 | KumanovoNews

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која од полноќ се менуваат цените на горивата во Македонија.

Поскапуваат бензините и дизелот

Со одлуката, ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за 2 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,5 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ за 2,5 денари по литар, додека екстра лесното масло бележи мало намалување.

Од полноќ горивата ќе се продаваат по следните цени:

ЕУРОСУПЕР БС-95 – 87,00 денари за литар
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 89,00 денари за литар
ЕУРОДИЗЕЛ – 92,00 денари за литар
Екстра лесно масло (ЕЛ-1) – 93,50 денари за литар
Мазут М-1 НС – 50,814 денари за килограм.