Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во дворот на Народен музеј Куманово пред неколку дена е поставен информативен билборд, кој наскоро ќе биде осветлен со рефлектори.
Таблата е поставена во лапидариумот на национална установа Народен музеј Куманово. Се надеваме дека тоа ќе придонесе за поголема информираност дека тоа е Музеј Куманово и дека ќе привлече повеќе посетители. Предвидено е да се постават повеќе табли, но тоа ќе биде понатаму. Ќе има во центарот на градот табли, патокази накај Кокино, и кон другите локалитети - изјави Анита Цветановска, директор на Народен музеј Куманово.
Таблата е набавена со средства на музејот и дава податоци за поставката која се наоѓа внатре во музејот.