×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поставена новогодишната елка на Градскиот плоштад

    26.12.2012 13:44 | KumanovoNews

     На Градскиот плоштад денеска беше поставена десетметарска новогодишна елка, со што заврши украсувањето на централното градско подрачје.

    Поставена новогодишната елка на Градскиот плоштад

    Се работи за истата елка од лани која е обновена и за неа се набавени нови лед диоди.

     Оваа година поставувањето на елката доцни од безбедносни причини. Апелирам до граѓаните да не ги оштетуваат украсите. Елката од лани беше 80 отсто оштетена. Планираме на плоштадот таа да остане до 20 јануари. Украсувањето е исто како минатата година, нема поголеми промени. Украсени се крстосниците , централното градско подрачје - вели Маја Антевска Додевска, помошник директор во “Куманово - паркинг“.

    Граѓаните велат дека декорирањето на градот придонесува за поубава празнична атмосфера и еуфорија, но сметаат дека Куманово е сиромашно украсено во однос на Скопје.

    Убаво е што се поставува елка, на некој начин да се означи дека е Нова година. За младите украсувањето е поинтересно. Имам мала забелешка што другиот дел кај Центарот за култура не е подеднакво украсен, но сепак е добро, убаво изгледа - рече Радмила Живкова од Куманово.

    Украсени се канделабрите, дрвцата на плоштадот кои ноќе светат во различни бои.