Поставени канти за измет од животни
13.08.2014 14:07
| KumanovoNews
Петнаесет канти за измет од животни пред месец дена од ЈП“Чистота и зеленило“ поставија на плоштад, кеј и во двата градски парка.

Од “Чистота и зеленило“ апелираат граѓаните да бидат посовесни и да не фрлаат секаков смет во овие канти.
Кантите се поставени на локации каде граѓаните најчесто шетаат миленици. Тие се со цел да се подигне хигиената во градот на повисоко ниво. Сепак повеќето граѓани во нив фрлаат секаков смет, а не измет од животни за што се наменети. Овие 15 канти не се доволни за град со 100.000 жители, но се потребни и корисни - вели Благица Јовановска од “Чистота и зеленило“.