Мени

Поставени контејнери за кабаст отпад на три локации во Куманово

18.07.2026 08:18 | KumanovoNews

На три локации во градот ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово постави контејнери за одлагање на кабаст отпад.

 

Поставени контејнери за кабаст отпад на три локации во Куманово

Контејнерите ќе бидат поставени: кај црквата во село Режановце, на локалитетот „Кошеви“ во населбата „Гоце Делчев“ и 
на мостот на Којнарка во населбата Средорек.

Контејнерите ќе бидат достапни до недела (19 јули) во 12 часот.

Од претпријатието апелираат до граѓаните кабастиот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените контејнери и да не создаваат диви депонии, со што ќе придонесат за почиста и поуредна животна средина.