500x100-1
14. 11. 2019 09:59

Поставени нови кантички за отпад во центарот на градот

Поставени нови кантички за отпад во центарот на градот

Педесетина нови кантички за собирање на отпад се поставени во централното градско подрачјe.

Од ЈП „Чистота и зеленило“ велат дека старите кантички се заменети затоа што биле оштетени, а новите се со модерен дизајн и убави бои, коишто се прилагодиле на амбиентот на плоштадот.

„Покрај практичната примена новите кантички го освежија центарот на градот и изгледаат навистина убаво. Една од кантичките е за собирање на комунален отпад, а другата за пластика, односно за селекција или рециклирање. Кантичките се поставени во строгиот центар на градот на двата плоштади,  улиците „Народна револуција“ и „Гоце Делчев“. Донација се од фирмата „Пакомак“, - изјави директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Даниел Стојчевски.

Тој апелира до граѓаните да не оштетуваат кантичките и да се однесуваат соодветно со нив, бидејќи со нивна заштита ќе имаме и почиста средина.

Старите кантички ќе бидат поправени и ќе бидат поставени на нови локации онаму каде што има потреба.