Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Нови семафори од завчера се поставени на крстосницата на булеварот „Октомвриска револуција“ и улицата „Ѓорче Петров“.
Семафорите неколку месеци не беа во функција, откако во јануари силен ветер откорна еден од столбовите на кој беше закачен семафорот.
Од општината Куманово информираа дека најдоцна до крајот на месецов ќе се постави вертикална сообраќајна сигнализација и на раскрсницата помеѓу „Октомвриска револуција„ и улицата „Пионерска„, со што ќе се реши долгогодишниот проблем за побезбедно одвивање на сообраќајот на булеварот „Октомвриска револуција„.
Фирмата Електрософт од Скопје, ќе ги изведува работите, а планирано е да се издвојат 5 милиони и двесте илјади денари за таа намена.
Надлежните сметаат дека со поставувањето на новите семафори по булеварот значително ќе подобри и регулираа сообраќајот во тој дел на градот, но ги повикаа возачите и пешаците повеќе да ги почитуваат сообраќајните знаци и да ја прилагодат брзината на возилата според условите на патот.