×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поставени темели на крстилница во Брзак

    14.02.2014 11:20 | KumanovoNews

    Во дворот на црквата Света Троица во село Брзак денеска беа поставени темелите за изградба на крстилница и трпезарија.

    Поставени темели на крстилница во Брзак

    Овие помошни простории се градат со средства од месното население и донации, а се очекува за три години објектот да биде целосно готов. Темелите ги осветија свештеници од Кумановско - осоговската епархија.

    Имавте црква за вашите духовни потреби, но како што секој домаќин прво гради дом, па се јавува потреба за помошни простории така направивте и вие. Сакавте обележје за да секој што ќе помине знае дека тука живее македонско православно население - рече свештеникот Томе Младеновски.

    Жителите на Брзак се надеваат дека во иднина ќе имаат повеќе венчавки и крштевки, дека миграцијата кон Скопје и Куманово ќе запре.

     Ќе имаме сала со димензии 6 на 5 метри, кујна, крстилница, соба за свештеното лице и соба за остава. Досега за убави и лоши работи мака мачевме за простории, но сега ќе ставиме крај на тие маки. Со оваа градба ќе напоменам многу сме среќни, благодарни на самото население. И понатаму ќе бараме донации. Ние сме мало мало село, бавно ќе оди градбата, но очекуваме за 3 до 4 години да биде готово - вели Моме Пешевски, иницијатор за градба на крстилницата.

    Селска слава во Брзак е Духовден, а црквата Света Троица почнала да се гради во 1995 година и по долги години лани е осветена. Стотината мештани се жалат бидејќи немаат асфалтиран пат, амбуланта, продавница, немаат основно училиште.

     Селото има 30 куќи, но нема перспектива за младите. Ако ни се оженат ергените ќе има каде да се венчаат. Сега се венчаат во Агино село, Дељадровце, кој како ќе се снајде. За Духовден ќе имаме каде да ставиме храна кога се слави бидејќи некогаш е топло, некогаш се случувало да заврне - кажа Марика Јакимовска, жител на селото.

    Брзак се наоѓа на 15 км оддалеченост од Куманово и жителите се надеваат дека во селото ќе имаат подобри услови за живеење со помош на надлежните.