Мени

Поштенски службеник украл пари од лице со посебни потреби

04.09.2015 12:31 | KumanovoNews

Педесет и петгодишниот В.Л. од Кратово, вработен во „Македонски пошти“, поштенска единица село Страцин,  доби кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување.

Поштенски службеник украл пари од лице со посебни потреби

Тој  од 72-годишниот Р.Ц. од Страцин, кој е неписмен, глувонем и со нарушено ментално здравје, при исплата на парични средства му исплатил 1.000 денари помалку од впишаниот износ во налозите. При полициската истрага, парите се пронајдени кај службеникот В.Л.