500x100-1
12. 11. 2019 11:58

Постигнат договор за зголемување на платите на лекарите

Постигнат договор за зголемување на платите на лекарите

Од февруари наредната година, платите на лекарите специјалисти ќе се зголемат за 25 проценти, додека пак на медицинските сестри за 10 отсто.

 Целта е здравствените работници да се задржат во државата.

„Заедно со зголемувањата на дежурствата, коишто од 2018 година, кога беа зголемувањата се зголемија за работен ден за двојно, а за недела и празник за трипати, сега платата на лекар - специјалист во Клиничкиот центар, на хируршките и на интерните клиники ќе достигне, а кај на некој и ќе надмине, 100.000 денари“, - рече министерот Венко Филипче.

Покачувањата ќе опфатат вкупно 15.000 вработени во здравствениот сектор.

Сите зголемени примања треба да се предвидени и во новиот буџет за 2020, за кој премиерот Зоран Заев потврди дека ќе се гласа денес на владина седница.