Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за управување со кризи (ЦУК) предупредува дека поради зголеменото ниво на водите во реката Пчиња да не се користи мостот во кумановското село Пчиња.
„По добиеното предупредување од Водостопанство, мостот во селото Пчиња имал слаба конструкција, а зголеменото ниво вода од Крива Река ќе дојде до реката Пчиња за околу два часа, поради што ќе има зголемен притисок на мостот. Од Секторот за операции и координација на ЦУК ја запозна локалната самоуправа, ДЗС и МВР, за да се дејствува превентивно за запазување на безбедноста на граѓаните“, соопшти ЦУК.
Во кумановското село Пчиња има собрани дрвја и гранки под мостот на реката Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот, информира АМСМ.
Од ЦУК велат дека е зголемен водостојот на Кумановка во с. Доброшане и вчера се измерени 100см, а денеска 130 см. Нема опасност од поплавување куќи и излевање на реката.
Вчера во период од 17:55 до 19:40 часот со 1 возило и 2 пожарникаи интервенирале на испумпување на вода од коловозот на ул. „Моша Пијаде’.
На реката Пчиња во с. Пелинце вчера се измерени 100см, а денеска се измерени 96. Во попладневните часови, вчера, имаше нови врнежи и се очекуваше излевање на реката Пчиња во Пелинце во горниот дел од сливот на реката.
На територијата на Општина Липково ситуацијата е стабилна од врнежите од дожд. Нивоата на реките се зголемени, но нема опасност за поплавување.