Потпишан меморандум за збратимување на општините Куманово и Чајетина
Делегација од општина Куманово, предводена од секретарот Емилија Сларидис - Јаневска, беше во посета на Општина Чајетина по повод Денот на Општината и заради потпишување на меморандум за збратимување.

Меморандумот го потпишале секретарот Емилија Сларидис - Јаневска и градоначалникот на Општина Чајетина, Милан Стаматовиќ.
Идејата е да се воспостави соработката помеѓу локалните самоуправи, да има размена на искуства и идеи во сите сфери на општетвено-економскиот живот. Во општина Чајетина се наоѓа познатиот туристичкиот центар Златибор, со најразвиен планински туризам во Србија.
„Со овој меморандум отпочнува нова фаза во севкупните односи во наредните децении. Се отвара можност за соработка во спортот, културата, економијата, образованието, разни здруженија, невладиниот сектор и др. Среќен сум што целиот процес успешно се реализираше и ќе продолжи во иднина со нови пријателства“, вели Марjан Стошевски, кој е иницијатот на оваа соработка.
Исто така ОУ „Карпош“ од село Умин Дол потпишало меморандум за соработка со ОУ „Димитрије Туцовиќ“ од Чајетина, што е прва меѓугранична соработка во историјата на училиштето.