×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Потполнуваат уплатници за скромна дневница

    11.02.2013 09:53 | KumanovoNews

     Десетина луѓе секојдневно стојат во зградата на поштата и пред Фондот за здравствено осигурување во Куманово и нудат за симболичен паричен надомест да ги пополнат формуларите и уплатниците на граѓаните.

    Потполнуваат уплатници за скромна дневница

    Нивните услуги најчесто ги користат постари луѓе, пензионерите, како и оние неуки, кои не можат да се снајдат во поднесување на документи.

    Работа има сезонски, кога има пререгистрација или некоја субвенција. Мора многу брзо да се работи кога има гужва и да се пишува прецизно, внимателно. Досега не ми се случило да згрешам и некој да се пожали. Тој што има убав ракопис има најмногу работа. Некои доаѓаат тука колку времето да им помине. Не се заработува многу, по 200 до 300 денари, ако седиме од 7 наутро до попладне. Тарифа нема, кој колку ќе даде. Некогаш ќе му потполниме на некој уплатница и ако нема пари, ништо - велат луѓето кои потполнуваат уплатници.

    Тие додаваат дека со долгодишната работа многу податоци, сметки имаат научено напамет и поради тоа не им претставува проблем да се ефикасни.

     Јас сум во оваа работа тазе, скоро две години. Потполнувам на пензионери, стари луѓе уплатници. Дневница не се вади од ова. Колегите овдека се претежно невработени. Јас работам по 2-3 часа дневно и си одам - објаснува наш соговорник.

    Граѓаните велат дека овие луѓе им се од голема корист и за минимална сума им завршуваат работа.

    Јас сум неписмена, немам завршено училиште. Сама не можам да потполнам. Брат ми ми потполнува кога е слободен, ако не овдека луѓето ми помагаат. Некогаш се случува да одам од шалтер на шалтер и има потреба да се напишат неколку уплатници - рече Адвие Рушитовска.

    Овие граѓани секојдневно се пред споменатите две институции и велат дека досега немале проблем со инспекција, ниту пак некој им забранил да работат. Сметаат дека нема потреба од такво нешто, бидејќи сумите кои ги заработуваат се смешни и симболични.