Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонија се соочува со мигрантска криза и потребна ѝ е помош од ЕУ, потенцираше Анастасија Илиевска, државен секретар во МВР при синоќешната посета на железничкиот премин Табановце.
Кон мигрантската криза треба да се постапува хумано, но и одговорно во интерес на националната безбедност и заштита. Потребна е регионална и поширока поддршка за решавање на бегалската криза.
Не постои идеален начин со кој што во одреден период некој би се справил со оваа криза без соработка на регионално, но и на пошироко ниво, така што помошта што треба едни на други да си ја даваме и поддршката што во моментов на Македонија и треба е огромна. Се надеваме дека ЕУ ќе излезе во пресрет, - изјави Илиевска.
Државниот секретар од француското МНР укажа на подготвеноста да и се помогне на Македонија во справувањето со овој предизвик.
Сите земји членки на ЕУ сме определени да и помогнеме да македонската Влада за соочување со овие предизвици и за постигнување на таа цел ќе бидат мобилизирани сите служби, затоа што соработката и европската солидарност е нешто што е многу важно. - изјави Арлен Дезири државен секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Франција, кој синоќа ги посети бегалците на железничкиот премин Табановце на македонско - српската граница.
Додека претставниците двете министрерства беа на терен, стотина бегалци кои пристигнуваа со автобуси и такси заминуваа кон Србија. Кратко се задржуваа во кампот каде им се делеше вода, храна и облека.