Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
1200 дози вакцина против сезонски грип се потрошени откако започна вакцинацијата пред две недели.
Од Центарот за јавно здравје објаснуваат дека дополнителни количини скоро ќе бидат набавени.
Се очекува Центарот за јавно здравје да набави уште дополнителни 300 дози на вакцини во текот на наредната недела. Оваа година имаше голем интерес за вакцинација. Најчесто се вакцинираат повозрасните над 50 години, со хронични белодробни, срцеви заболувања, дијабетес - вели Јадранка Стаменковска, раководител на одделение за епидемиолошка дејност во Центар за јавно здравје.
Таа објаснува дека кај помладите интересот за примање вакцина против сезонски грип е послаб.