Повеќе улици во градот без струја
25.06.2014 07:30
| KumanovoNews
Снабдувањето со електрична енергија денеска ќе биде прекинато на повеќе улици во градот.

Без напојување со електрична енергија од 8.30 до 10 часот ќе бидат граѓаните на улиците “Братство - Единство“ и “Црнотравска“. На улица “Тоде Думба“ струја ќе нема од 10 до 12.30 часот, а улица “Есперанто“ струја ќе нема од 12 до 14 часот. Дел од Никуљски пат во населбата Карпош без струја ќе биде од 11 до 13 часот.
Прекините во мрежата се заради изведување на инвестициони зафати и поквалитетна услуга.